можност (имн.) - во (предл.)

Уште една ропска ноќ, со толку можности во себе за правење чудесии, си мислеше, се спушта врз мене, ме завиткува во себе, ме поплатува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
— Убава работа, но каде се излегува од Катилана? — се затапкаа сите, не гледајќи некакви можности во предлогот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Одамна го имам намислено ова, ама сам, без вас сите, не се може.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но по разгледување на планот од страна на воздухопловните сили било заклучено дека тие “не се во можност во сегашниот момент да преземат напад на Матка“. Ibidem. 134 Целта на мисијата Conserve била “да ѝ помогне на мисијата Entanglement во инфилтрирање на мисиите во Србија и покасно да постават одделна мисија при Главниот штаб на Србија“. PRO WO 202/515A. 135 Михаило Апостолски, Op.cit., 94-97. 136 PRO WO 202/515A. 137 Михаило Апостолски, Op.cit., 129-133. 138 PRO WO 202/515A. 139 Михаило Апостолски, Пролетната офанзива во Македонија и Поморавјето.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Писателот кој ќе се помачи со овие вежби ќе сфати, при пишување на приказна или роман, дека на располагање му стојат разни можности во секој момент од творењето, а ќе биде во подобра позиција и да избере најдобро решение - или да смисли некое ново.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
СТИЛСКИ ВЕЖБИ ЗА МЛАДИ АВТОРИ Џон Гарднер (Џон Гарднер ги намени овие вежби на своите студенти од отсекот за книжевно творештво.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Винстон го слушаше телекранот. Засега од него допираше само музика, но постоеше можност во секој момент да биде емитуван специјален билтен на Министерството за мир.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа го гледаше својот сопруг како задоцнет балкански Дон Кихот, на кој му се придружил и Татко, или обратно, како со нивните книги, најдени помеѓу Западот и Истокот, со нивните проекти, кои можеа да се сметаат и како утописки според можностите во времето во кое живееја, тие како залудно трагаат по излезот од варварството и идеологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев многу уморна од долгиот пат и од многуте впечатоци што немав можност во тој момент ни да ги средам зошто во мојата глава беше хаос.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да се одредуваат исти казни за овие две групи, вели тој, би значело мешање на две потполно различни работи.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ваквиот пристап би понудил можности во понатамошното истражување таа политика значително да се прошири. Итан Неделман (Ethan Nedelman), професор на политички науки на Факултетот „Вудроу Вилсон“ (Woodrow Wilson) во Принстон (Princeton), предлага постепен пресврт кон легализација „кој би започнал со легализацијата на марихуаната, за да може да се запре, преиспита и пренасочи политиката во врска со дрогите која станува прескапа или контрапродуктивна”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа малечка икона се чинеше како да отвори многу нови можности во светот на цртањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И читам коментар дека постои можност во спалните соби да бидат инсталирани камери за следење на редовност на „онаквувањето“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Луѓето во него препознаа интелегентна забава и можност во слободното време да се едуцираат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Подоцна, во циркусот, кога созреав како маж, се убедив дека анатомските можности во технологијата на љубовта се сепак ограничени (иако можат да бидат мошне богати) и дека се сведуваат на тие, во суштина – неколку препознатливи сигнали и движења што се вообичаени, и дека без потреба сум се лутел на Луција таа ноќ на кејот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Набоков веќе не се враќа кон драматургијата, кон театарот, откако ги открил за себе новите можности во монологот пред читателите кои зборувале на англиски.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Најпосле, откриваа повеќе настрани можности во преработката и во пресоздавањето на негеј-материјалот, а со тоа и негова поширока примена, отколку што откриваа во добрите геј-сочиненија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Српските власти му ја проверија ногата дека навистина е дрвена, па го прашаа што сака во замена за ногата, а тој скромно се задоволи да му дадат трафика, по можност во центарот на градот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Бидејќи невработените лица и при најдобра волја не секогаш би биле во можност во роковите утврдени со ЗВОСН да се пријавуваат на објавените огласи и да достават доказ дека така постапувале, објективно, со одредбите на Законот од 1997 и со измените од март 2000 година од невработените лица се бараше нереално преголем ангажман за решавање на својот проблем со невработеноста.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Зголемени се и казните, од 10.000 до 15.000 денари на 1.500 до 2.000 евра (околу 92.000 до 123.000 денари) за оние кои нема да назначат координатор за еднакви можности во органите на локалната самоуправа (чл. 4 и 5, ЗИДЗЕМЖМ). Останатите измени и дополнувања се од техничка природа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Таму, каде што никогаш нема да пропадне она што еднаш веќе пропаднало, а сѐ пропаднало веќе еднаш, таму каде што сѐ е зачувано и заштитено во вечноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, постои и другата можност – сето време да постои ‘некаде’ во вечна сегашност, во некоја друга димензија; постои таа можност во паралелно и синхроно пулсирање да постојат сите времиња, сѐ што било, и таму, во таа друга димензија, да се ‘преселува’ сѐ што сега е, и сето она што некогаш ќе биде; и само таму, и само така, при средбата на сите временски слоеви и сите егзистенции, сѐ ќе ја сознае сопствената смисла, онаа што ни е неодгатлива во ова минливо постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа мора јасно да се каже, дека луѓето како Walter, Klemperer, Rainhardt итн. мораат и во иднина да ја имаат можноста во Германија да ја изразат својата уметност. (...) Во таа смисла апелирам до Вас во името на германската уметност, за да не се случат нешта, коишто можеби веќе не би можеле да се поправат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Што ми даваат? Ми даваат можност во слободно време да го работам она што ме привлекува, за што имам афинитет - афинитет...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)