момент (имн.) - ми (зам.)

Скромна сум, а парите ги трошам најрационално, зошто во моментов ми се детерминирано, редуцирано средство.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Таа нејзина грижа во тој момент ми пречеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во еден момент ми текна дека ги заборавив моите омилени домашни, бели гумени влечки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
-Зарем измислувам? - ме прашува а зад прашањето се чувствува и тихата мелодија на неговата воздржана насмевка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
2.17 Вчудоневиден сум што успеав да го забележам сето тоа. Во моментот ми се наметнува мисла, основата на хероинот е од крајно нихилистичка природа каде триумфира апатијата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
На телевизорот оди сцена во која прават лек одделувајќи го отровот од забите на една отровница поради несреќниот случај со едно момче во пустината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Посака да ѝ кренеш паметник на твојата љубовна авантура со онаа Стојна ли, Стојка ли? - за момент ми се причини дека се обидува да ме исмее Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој само молчешкум ја искриви фацата, па уште од тој момент ми стана јасно дека меѓу нас нема да потрае.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)