момент (имн.) - потоа (прил.)

Стрча кај машината, ја запре и еден момент потоа истрела два истрела со пиштол.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еден момент потоа рашири блажена насмевка. Го крена погледот кон Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Почнав да викам, но неколку моменти потоа се мразев себеси што така реагирав и си ветив дека колку и да ми биде тешко не смеам вака да реагирам, моите маки ќе поминат, што беше тоа во споредба со тоа што ти го преживуваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)