момент (имн.) - да (сврз.)

Сепак издемна еден ваков момент да го жегне малце, ако не може веќе друго.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потребна беше исто така и извесна атлетичност на умот, способност во еден момент да употребиш најделикатна логика, а во наредниот да бидеш несвесен за најгрубите логички грешки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ќе се ослободам од егото и суетата, кога ќе ги симнам маските и костумите, кога ќе се демистифицирам, кога не сум на работ на амбисот, кога имам можност барем за момент да бидам среќна, јас сум едноставна личност која умее да сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Среќата е луксуз откако ќе направиме животна ретроспектива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Задачите кои ги имале набљудувачите биле строго предодредени и никој не смеел ни за момент да го напушти местото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По некое време мачката полека ја пушти едната нога, па другата и почна кроце и претпазливо да чекори напред кон кучето гледајќи право во неговите очи и затегнувајќи го одвреме навреме телото како лак од стрела спремна во секој момент да скокне на кучето ако се обиде да ја зграпчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во некој момент сигурно забележала, застанала молкум да ме набљудува како и самата нешто да очекува; веќе беше невозможно да не ме издаде напорот да го продолжам тоа затишје, да не го прифатам тоа пак да се вратат наспроти Мари-Клод, против Мари-Клод која не можеше да разбере, која молчешкум ме гледаше исчекувајќи; да се пие и пуши и да се зборува со неа, за до последниот момент да се одбрани слаткиот интеррегнум без пајаците; да се запознае нејзиниот едноставен живот работа-дома и сестра студентка и алергиите; да се сака, така да се посакува тој црн прамен што ѝ го чешла челото, да се сака таа како цел, како стварно последна станица на последниот метро во животот, а тогаш - бунар, тоа растојание од мојот стол до онаа клупа каде што можевме да се љубиме, кадешто мојата уста можеше да го испие првиот мирис на Мари-Клод пред во прегратка да ја однесам до нејзината куќа, пред да се качиме низ оние нејзини скали и најпосле соблекувајќи ја од себе толкавата облека и толкавото чекање.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со стапчето (фалус?!) на момент да се задржи струполувањето, и да се слизне низ одвај- доволниот отвор (вулва?!). Но, тоа веќе е филм.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Некои гледаа дека ова е згоден момент да ги смират Танаил и Китан и му велеа на Китан да ја одложи свадбата за некој ден - да не биде заедно со погребот, но Китан велеше: „Свадбата е закажана и не ја одложувам... Одложена свадба коби на лошо...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој и седнувањето за јадење не го сакаше, зашто тоа бараше барем за момент да биде мирен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ПИЈАНИОТ: (одеднаш почнуе во тој момент да блуе).
„Гладна кокошка просо сонуе“ од Блаже Конески (1945)
Исмаил бил од оние многубројни Турци и Европејци коишто уште не можеле да се убедат дека Македонија има сѐ повеќе луѓе што се фанатично предани на ослободителното дело и се готови во секој момент да се саможртвуваат за својата татковина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дедо Димо не знаеше што во моментот да рече, но набргу се прибра, па свртувајќи се наоколу и преместувајќи го погледот од еден до друг, како да ги брои, рече: - Вечерата ќе биде кај мене.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Постојавме сите за миг молчејќи, а потоа како во тој момент да се сетија на мене, ме внесоа внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дали од тифусот или од друго, не е моментот да го прашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На исток висеше сочниот портокал на деницата Месецот, како малечко рисче, спитомен и милкав, стоеше со притиснато лице на самиот раб од шумата, готов секој момент да капне зад неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Драго ми е што се сложуваме и по ова прашање. А сега, да излеземе. (Никако не ми доаѓаше во моментов да му кажам дека сум бремена.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сето тоа заедно Британија настојувала внимателно да го следи и во одделни моменти да го искористи за остварување на своите стратегиски цели.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но ете, се случило за момент да поверува дека радоста лекува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бев заустил да прашам случајно да не се случило нешто несакано, непредвидливо… а можеби имав речено… или спомнато нешто необично, бидејќи наслутував делови од некои патеки… но Дуда се чинеше толку несреќна додека доаѓаше или си заминуваше… и тогаш сфатив дека Дуда всушност ми раскажува за себеси; за проблеми што се чинат толку тешки а таа храбро шета по нивната смешна страна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И најсетне сфатив: седев во кафеаната „Зора”, а спроти мене седеше вистинската Дуда притоа со оној осет на неориентираност: како да почнува во овој момент да сфаќа дека пријателот од другата страна на масата всушност се враќа од некое долго патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми беше јасно дека немам никакви шанси во тој момент да разговарам со неа за случката со дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Листовите на фикусот поставен на балконот трепереа и од најслабо ветре, а сенките што играа на прозорецот секогаш личеа на човек, лош човек кој демне и чека погоден момент да ме грабне.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сега знам дека нам само ни се причинува оти човекот е силна ѕверка што си ја носи како богат улов судбината во своите заби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Бев навистина поспана, заслепена, ниту за момент да здогледам или барем да се посомневам дека ни се прикрадува големото зло.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека на човекот му нема рамен во тој однос во природата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)