момент (имн.) - или (сврз.)

237 Имајќи го предвид германското повлекување од Грција од мисиите во Македонија се барала “идентификација на трупите кои во сегашниот момент или во наредните неколку недели ќе поминуваат низ вашата област“, а исто така им било нагласено дека “нафтените и бензиските цели имаат приоритет при воздушните напади.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Предложената стратегија на интелектуалната самоиронија му изгледа како некаква лекомислена игра, помодно жонглирање зад кое стои замајувачката неодговорност на постмодерната!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ни советува да го свртиме вниманието на фактот дека “не може да се табуизира ниту еден момент или страна на бинарната структура, да речеме, на трагикомедијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Значи, надворешната полова информација, психичкиот момент или чувствувањето се така веќе она Нешто, што хемоелектрично во мозокот го зафаќа местото на центарот за полово уживање, а надразбата што ја нарекуваме сексуална е онаа суштина што е означена како сексуално надразлив супстрат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Со маневра се овозможува постигнување надмоќ на тежиштето на борбата во решавачкиот момент или наметнување борба на непријателот од подобри услови за нас.“
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Често ќе ни речеше: ”Знам, душичката ви сака женско; и јас кога бев помлад, кога бев на вашите години, не можев без женско: во секој град каде што скитав имав по некоја: и во Атина, и во Анкара, и во Рим, и во Мадрид; ќе ми се прилепеше некоја или јас ќе се врзев за неа, но никогаш повеќе од една година не ја држев: ми стануваше здодевно само со една жена да живеам; штом ќе оставев една, наоѓав друга; се лепеа како по мед; ми ги мереа со педи раменава и градиве и велеа: јаки мажи сте вие, Грците; и можеби - затоа тешко го доживуваа оној момент кога ќе им речев дека ги оставам, дека во друг град одам, во друг крај на светов, и во тој момент или паѓаа во несвест или како диви мачки ми се нафрлуваа со ноктите да ми ги ископаат очите; или ќе ми се обесеа со рацете на вратот и ќе речеа: и ние одиме со тебе...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се чувствував прејадено и сонливо, но се надевав дека ако се концентрирам можеби ќе ми олесни тежината што почна да се претвора во далечна, тапа болка. Но, ништо не се случи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, тогаш попусто се обидував да извршам нужда - бев толку напнат дека пријателот ќе влезе во соба во тој момент или пак брзо откако ќе завршам, па ќе ја почувствува смрдеата како излегува од под вратата - што никако не можев да се опуштам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ако во своето дело ги задржува аспектите на структурата, тие се со симетричен карактер, со канонски или еднакво важни делови, било да се присутни во истиот момент или да следуваат еден по друг во времето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)