монопол (имн.) - со (предл.)

Тие ретроградни процеси, тие обиди за спасување на еден монопол со друг, денес се одвиваат кај нас, и затоа моментно сме во слепа улица, бидејќи секој монопол е слепа улица, од неа нема друг пат, мора да се удри в ѕид.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Место каде што мајка му истураше чаша вода пред секој почеток на новата учебна година, место од каде што со мал ранец брзаше кон автобуската станица за да го фати автобусот што го носеше во престолнината за да полага испити на државниот универзитет, место каде како дете во врнежливите летни денови играше Монопол со другарчињата...
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)