море (имн.) - е (гл.)

Уште во Брисел ми расправаа дека Бланкенберге на Северно Море е најголемо летувалиште и одморалиште на Белгија, па и најголемо во овој дел на приморска Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Морето е веќе пред нас, се набира и се рамни, се рамни и се исправа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Морето е просторно, час мрачно - набрчкано и може ли некој да летне од оваа клетва?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Токму така - морето е против нас! Нашата земја е мала, издолжена, со голем брег на две мориња: Јадранското и Јонското.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Тогаш, да погодувам: сонцето изгреало и нов ден е пред нас. Или, можеби, морето е сино. Тоа е, секако, најголемото од сите чуда.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)