мост (имн.) - од (предл.)

- И јас велам така, - се согласува дедо Иван и тогаш почнува да расправа за руската силовитост во бојот, како го поминале Дунав кога ја ослободувале Бугарија: не знам колку илјади се издавиле, направиле мост од трупови за да мине другата војска.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Па вие сте како онаа печена гуска од приказната што јас ја најдов фрлена на мостот од богатиот за да ја најдам.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
На оваа река ѝ израснаа раце камен од својата робина да прави и мост од каменот.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Далеку Врз својата пепел заврни И мост од себе направи од брегов тебе маченик до брегон тебе недостижен Помини!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Кај да е, кај десет-единаесет излегва сличето на камениот мост од Скопје, ја велат македонската химна и крај на програмата.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ако минатото е јајце, ова што постои сега кокошка ли е?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Најнакрај: и зошто се игнорира улогата на петлињата на небеските мостови од минатото до иднината?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Помини на мостот од љубовта неродена...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Размостување на мостот од судири... Во зениците молскавично се гаси последната светилка...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)