мост (имн.) - помеѓу (предл.)

Тишината беше мост помеѓу нивните души низ кој си поминуваа, се среќаваа и продолжуваа заедно нивните неискажани зборови.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само тишината е тешка, кога станува мост помеѓу две души...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Перформативната димензија на таа реформа содржана е и во конечното разрешување на конфликтот на идентитетот што го мачеше Отоманското царство речиси од осмиот век: сместено како мост помеѓу Европа и Ориент, Запад и Исток, тоа со столетија страдаше од дилемите на идентитетот предизвикани со фактот што царството, иако ориентално и муслиманско, контролира значајни делови од Европа.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Додека ги разгледуваше Татковите книги според наложениот распоред, Климент Камилски си замислуваше како тие си ги шепотат своите значења една на друга, воспоставувајќи мост помеѓу минатите и сегашните времиња, како облик на оживување во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко задоцнето ги прокоментира последните зборови на Камилски: Тие зборови, мој Камилски, се врзани за нашето минато, а понекогаш само еден збор може да послужи како паметник, мост помеѓу изминатите и сегашните времиња, како незаменлив историски документ и траен извор!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Надојдени матни води урнувале мост помеѓу два брега. Така и се случило Кара-Демир попаднал во некој дервишки ред да се боде со клинци и големи игли со диви молитви, како да се казнува за предавство кон исламот или кон долгогодишното пријателство.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но сега, кога беше сигурен дека Чанга и козите се жи­­ви, кога се воспостави мостот помеѓу избраната смрт на Чанга и можниот живот, кога на овие страдалници пов­тор­но им се врати надежта, татко ми стануваше уште попотиштен, скршен што не можеше да го стори спасоносниот чекор. Таков чекор не постоеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Манастирот беше храм на рамнотежа помеѓу христијанското и муслиманското население, свет мост помеѓу едните и другите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Живиот спомен на Игора Лозински, остварувањето на неговиот морален тестамент и многузначните пораки што ги остави пред нивните животи, се постави како жив мост помеѓу нив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нека биде ќерката моја жив мост помеѓу нашите семејства...“
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)