мраз (имн.) - во (предл.)

На прв ден Водици, уште во раното, го кршат мразот во Алилски Вир и во направената дупка го фрлаат крстот, кој е дрвен, лесен и кој плива во водата, за оттаму да го извади некој од младите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пеењето ВМРО-вски песни околу накитените елки и чекањето на Бранко Црвенковски да им донесе подароци, зборува дека Дедо Мраз во нашава црна Македонија ниту имал ниту ќе има мандат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ветрина навевува сува студенина и сѐ повеќе стега мразот во студенливите повеви на северњакот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Гледаше и чувствуваше леплив мраз во утробата: прстите на хирургот трепереа како нишки трева под благ ветар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Туркала трупци и исфрлала големи карпести одрони и откршени блокови мраз во столбовите, шибала и се жестела во потпорните столбови сè додека и последните сводови не се растресле, не се распарчеле, не потонеле и конечно не исчезнеле од видикот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Облечен во оваа иста униформа, со пушката потпрена на коленото, тој седеше пред исклучениот телевизор и се убедуваше дека стравот што го чувствува како грутка мраз во градите е сосема природен во таа ситуација.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ѕвечкањето на коцките мраз во чашата во неговата рака го потсети дека повторно пребргу го испил пијалакот, пред да се стопи мразот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Едо го минуваше времето дење во раскошната кабина на тешкиот, американски камион, со носивост од 12 тона влечени од мотор со 290 коња, со кабина како гарсоњера, со моќна радио-станица, целиот сребрен и испониклуван, камиот налик на џиновска детска играчка,што потсетува на изделкана санта мраз во движење, што Марко го возеше по градот и околните места сѐ до Калгари и најјужните брегови на САД, а навечер седнуваа во половниот „крајслер“ на Марка и одеа во барот „Driver`s Outlet“ каде што се собираа неговите колеги, сите шофери и шоферишта, од помлади до средновечни луѓе, неверојатно шаренило од снажни, згодни и грдомасни луѓе, едни обраснати во бради, други со коси што главите им ги правеа да личат на грмушки, ќелави, со прцлиња потфатени над тилот, тетовирани, каде што се зборуваше семсекаков англиски јазик.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Расеа меѓу непознати луѓе дел од младоста и се врати, како и што отиде со месечарски мраз во глобовите.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Се сети: кога како дете го виде отруено своето куче, со пена на исфрлените заби, со здрвени нозе и со мраз во позлатените очи, мислеше дека и самиот умира.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Мислеше на птиците со капка мраз во клунот.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се скрши мразот во мене и почна да капе, да ми го полни дното.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше синозелен мраз во неговата длабочина, беше искадравен во дебелите столбови мранзули, полеани и плиснати надолу, како замрзнувањето да беше фатило и скаменило само еден миг од разиграноста на палавиот поток, со сета негова боја, со сиот негов немир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Кога заминувате за Вашингтон?” - ме прашува Елен искрено заинтересирана за моето штотуку најавено патување.  „За два дена”, ѝ одговарам.  Седиме во дворот на амбасадорската резиденција под Водно и пиеме пијалаци со многу мраз во чашите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колку што можевме да дознаеме; Аритон Јаковлески до последниот час, и покрај сета мрачност и мраз во душата, сепак тој, човечецот, си умел поубав крај, дури се надеваше, имаше такви часови кога страсно веруваше во своето дело, значи - тој имаше некаква подлабока надеж.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Впрочем, историјата на Балканот секогаш беше таква, доаѓаше и одминуваше во куп, а остануваше грутка мраз во душите на луѓето која тешко се топеше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Напати нѐ брани од сонцето. Напати ни го вкочанува мразот во коските.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)