мудур (имн.) - ефенди (имн.)

Луѓето се потеа, тешко дишеа и одвај одеа по улиците.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Инаку ќе ги барам преку кадијата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
______ 35) мудур - управник; 36) - Мераба, мудур ефенди - Здраво, господин управник 37) бујрум - повели; 38) лири - златни турски пари; 39) себап - добрина 40) коџобашија - кмет, старешина на село; 41) мангари - бакарна турска пара; 42) тептил - се маскирал 43) ќерата - кодош, шпион; 44) суварии - коњаници; 45) пеки - добро
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Еве, мудур ефенди, потпиша батакчијата! - рече трговецот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Бујрум, мудур ефенди! — праша младото забитче и направи скромен поклон со раката на градите, повеќе поради староста на мудурот отколку на неговата положба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле мудурот проговори! — Што мислиш, Сефко, по оваа работа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет мудур ефенди, — пак повтори Ибро и се изгуби низ врата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Така беше, мудур ефенди, и така ни рече — ги потврдија колџиите зборовите од мифетишот, којшто прв му раскажа на Арслана како поминале денеска неговите колџии.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, јас вела да го плате селото како шо се плаќа секоа глава шеесет па еве и сто нека го плате; земете и вие за страот и шо ви го расипаа раетот една ноќ, по стотина, та се на се да собереме триста лири, ми се чине не се малку пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— — Без гајле, мудур ефенди, без гајле, — го успокои Сефедин стариот Стамболија на кого почнаа вилиците и брадата да му се терсат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повели, седни... и... еве читај, —го покани бегот својот заштитник, командирот на оружаната сила што беше пратена да го варди уќуматот — царската власт во овој најзафрлен дел од големата турска царштина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас, жими вера, не продавам мојот аскери за пари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, мудур ефенди, — изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури да дојде јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас сега ќе наредам деврие низ селото, караули по сите патишта, а еден чауш лично кај тебе ќе караули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо е крива раја, бре мудур ефенди, шо паднала меѓу два огна?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да чујам, мудур ефенди!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Бити вајда, ќе пустит тој пезевенк овие села.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Прочитав, мудур ефенди, ама не ме израдува многу — му одговори кратко јузбашијата и, седнувајќи на покажаниот стол, ја извади кутијата со тутун, та му понуди на стариот Арслана.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури стои неговата глава, немај гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На вратата се појави заптијата Ибраим и направи темане: — Бујрум, мудур ефенди!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додека тие се советуваа какви мерки да преземат, Ибраим го дотера коџабашијата Трајка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле тропна и влезе јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас имам ниет да отидам и овој година на гости во Градешница на Илинден, та реков да земам и тебе, да правиш мене кумпатага.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, Арслане, а бре беј, а бре мудур ефенди.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Токо, шо ќе добиеш ти од тоа шо ќе и избесиш и криви и прави.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, мудур ефенди, овој работа можел ли со пари да се плати?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Кажи, кажи. Кажи слободно, Трајко.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Шо велиш ти, мудур ефенди? Не рече ли многу ефендиата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сефедин почна да го теши старецот: — Без гајле, мудур ефенди, без гајле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)