мускул (имн.) - и (сврз.)

Зборувајќи, таа правеше грациозни кружни движења со белите раце пред себе, при што се спојуваа точките што требаше да ја означат земјата, небото и нејзиното срце, и јас сетив како ми се олабавуваат мускулите и ме обзема некое чувство на целосно спокојство и убавина, наспроти тоа што се говореше за некаков гроб.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И сето тоа сега наеднаш беше сосема будно во неговите мускули и Змејко сега немаше ништо, што би му спротивставил на оној напен во неговото тело и истрча.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тој трмееше под бремето на својата тешка болка, која на еден ваков нечесен начин му ги врзуваше беспоштедно сите негови мускули и сето време мрмореше нешто и гледаше пред себе со широко растворените очи на страот, кои веќе не можеа да видат ништо во неговите природни бои, пред кои сѐ друго, освен тој страв, остануваше скриено.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпосле, кога веќе сите мускули и коски ѝ стежнаа, пред да ги залепи клепките, Чана се обиде да си најде место во нејзината глава, ама кај ја собирало таа голема снага?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Погодноста на контекстот се одразува во физичките состојби на учесниците на сеансата, вклучувајќи ја и активноста на автономниот нервен систем (потење, трема, тресење), положбата, брзината и длабочината на дишењето, состојбата на тонусот на мускулите и така натаму.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
XIV. Следниот ден го најде иззавиткан во тврдото легло и со здрвена болка во сите мускули и во сите зглобови на неговото тело.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)