мушичка (имн.) - мисли (гл.)

Откако излегов од циркусот, сфатив дека светот на Луција, на Партијата, на училиштето, на семејството, на нацијата, на државата е обичен провинциски неуреден двор; светот без циркусот изгледаше беден, смешен, нецелосен; произведуваше дробни грижи со кои ги плашеше бедните мушички заробени во неговата мрежа; тие мушички мислеа дека светот достига до оградите на тој мал двор, а не гледаа дека зад него има уште, и уште, и уште; во циркусот, по само неколку волшебни часови престој, сфатив дека светот е огромен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)