набљудувач (имн.) - нема (гл.)

Грандиозното финале на филмот со стотици генијално искористени статисти, кадешто се користи возењето на една висока кран- камера која една по друга ни ги открива неколкуте сцени и неколкуте публики, е најдобар пример за претходно изреченото: вистински крај на низата од набљудувани- набљудувачи нема; и нашето око е само дел од таа низа.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Чувството за доживеаниот пораз уште повеќе го зголемува тоа што кога тој ќе сфати дека бил вовлечен во некаква битка, црниот човек веќе ја има свршено сета своја работа, па можниот набљудувач нема време ни да помисли дека некој некого нападнал.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)