надоместок (имн.) - да (сврз.)

Дополнителен отежнувачки фактор за едно невработено лице да ги земе паричните средства што му следуваат со добивањето право на паричен надоместок е воведувањето на можноста времето на примање на паричниот надоместок да се скрати ако врз основа на авторски договор, вршење на занаетчиски и други работи или на некој друг начин се здобива со приход, кој месечно не е поголем од 80% од просечната месечна нето плата по работник во стопанството (чл. 79, ЗВОСН).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Најпрво, во јули 1992 година исплатата на надоместоците за исхрана на работниците во текот на работата престана да биде регулирана со закон, а тоа понатаму беше регулирано со Општиот колективен договор на РМ (чл. 5, ЗИДЗИПДНДР/јули.92), за во октомври 1992 година исплатата и на останатите надоместоци да престане да биде регулирано со овој закон, при што понатаму беше регулирано со Општиот колективен договор на РМ (чл. 1 ЗИДЗИПДНДР/окт.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)