намерник (имн.) - во (предл.)

Па заминувате до најблиската кафеана и наздравувате со непознати намерници во името на нејасните визии за она што сте можеле да бидете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да влезеше во тој момент некој намерник во келијата сигурно ќе му го поставеше она судбинско прашање: нели надвор врне дожд?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Излупената барака што дење се чинеше напуштена од своите градители и годна единствено за намерници во неволја, сега светеше само однатре - со што како да сакаше да каже дека веќе е затворена за нови гости.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)