насока (имн.) - да (сврз.)

Движењето при станувањето му е споро, круто, оди збунето нерешително, но постепено се привикнува: поеластичен е, ги допира предметите за да се ориентира, да види каде е; застанува малку како да размислува што да прави, во која насока да оди; потоа тргнува со сигурни и точни движења како да е буден: ја отвора вратата од одајата и излегува; а ако е заклучена, ја отклучува; ако го нема клучот на вратата, оди кај прозорецот, го отвора, се фаќа за гранките од јаболкницата и по неа како мачка слегува во дворот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Знаеме во која насока да одиме, но не можеме да најдеме патека што би нѐ однела до таму. Сѐ е нива.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)