настава (имн.) - во (предл.)

Но, што сме испоседнале со нив вака како да сме на настава во природа?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На таа средба во Тетово, како ученик на одново отворената гимназија, по прекинатата настава во текот на војната и окупацијата, со дотогаш скромен, скуден, школски допир со поезијата, без познавање нејзино, јас се присеќавав подоцна во мојата прва беседа прочитана на раните Рацинови средби, како нивни соосновач со Александар Спасов, Димитар Солев, Благоја Иванов..., со нашите велешки врсници и колеги Славчо Николов, Ангел Димов, Тихо Најдовски и со сесрдната грижа на Рациновото семејство и на неговите сограѓани.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Веројатно не сум знаел точно кога почнува наставата во Учителска, во записот стои дека тоа ќе се случи дури на крајот од месецот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Имавме настава во природа, се расправавме по цел ден, „теоретизиравме”...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тој ден игравме шах; отидовме во самопослуга да ми купи сладолед; ни пресече студена лубеница по ручекот; ни скина грозје од лозницата над терасата; ми вети дека ќе ми ја залепи гумата од велосипедот; го капевме кучето Синга во пластично легенче, а тетка Јорданка (жената со која живее, а за која јас често го прашувам дали може да се рече дека му е девојка) го триеше со шампон; ми предложи да одам заедно со нив десет дена во Охрид пред да ми почне наставата во училиштето; се радуваше кога му раскажав дека во Тиват ме избрале за втор придружник на Мистер на летувалиштето; ми честиташе што сум бил победник во натпреварот по пливање...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа сметала дека нејзината штитеничка, со малкуто француски и грчки што ги знаела покрај албанскиот јазик, ќе успее да ја следи наставата во едно од тие училишта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Денот беше прекрасен, јунски, наставата во училиштето пред два дена беше завршена, водата на езерото Матка блескаше на сонцето и во неа се огледуваа високите карпи.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)