наука (имн.) - не (чест.)

Од оваа гледна точка, биомедицинската наука не го уважува фактот дека е само една од повеќето традиции, а не единствено објаснување и „огледало на реалноста“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Материјални сведоштва нема ни за тоа, барем науката не располага со такви, дека Градиште некогаш било богомилска, односно бабунска населба - освен долот кој се именува по нив и освен еден погрден збор, бабун, со кого денешниве жители на Потковицата означуваат некого кој се изопштил и од луѓето и од бога.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Таков утилитарен, тенденциозен и шпекулативен однос кон науката не е за одобрување и е причина и резултат на национален шовинизам, но последниов е резултат на тие историски прилики во кои попадна српството, особено по Берлинскиот договор.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Близу беше до потфатот, до славата, но ете - науката не може без жртви...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)