нација (имн.) - ќе (чест.)

Бургиба дури на светската организација на обединетите нации ќе предложи создавање на федерација меѓу Израел и арапските земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Доцна создадените балкански држави- нации ќе се најдат под ударот на неизбежните интеграции во светот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во право си, мој Камилски, без оглед кај кој народ или нација ќе се појави, табиетот си останува табиет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, на пример, табиетите на Џингис Хан, Сулејман Величествениот или Наполеон остануваат речиси исти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој повторно е во право: со милениуми, апетитот за моќ, за владеење е распространет во голем број малечки или големи тирании кои цветале, се извишувале или пропаѓале, завршувале во една тиранија, со сите соништа и илузии за моќ и власт, со гладта да ја нагризуваат планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Разнесеното, распрскано човечко стадо ќе биде повторно собрано под заштита на еден немилосрден натрапник, вид планетарно чудовиште пред кое нациите ќе коленичат, немоќни да се побунат пред диктаторската екстаза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)