начин (имн.) - ја (зам.)

И ако литературата, според моето гледање, задржува за себе некоја повластеност, од една страна тоа е затоа што таа го тематизира настанот на пишувањето, а од друга, поради она што во текот на политичката историја ја врзува со начелната овластеност да „каже сѐ“, што пак на единствен начин ја приведува кон она што го нарекуваме вистина, фикција, привидност, наука, филозофија, закон, право, демократија. 4Кој беше влогот за тие описи?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зошто трагата (ниту присутноста ниту отсутноста, од другиот крај на бивствувачкото, ако не и бивството - а секогаш ме интересирал самиот ивичник на негативните теологии, на пример, во Comment ne pas parler (Како да не се зборува) /Psyche/) “е” она што ја придвижува филозофијата и со самото тоа ѝ се ускратува, се спротивставува на строго онтолошкото, трансценден­тал­но или филозофско разбирање во општа смисла?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Секој на свој начин ја раскажувал својата историја: свештеници, рапсоди, аеди, кралеви, пророци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа Отец Симеон, враќајќи се во кожата на далечната смеа, на свој начин ја развиваше расправата во себе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
На тој начин ја извртувам мојата внатрешност - надвор и надворешноста - внатре.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во летната кујна пет фамилии готват на еден шпорет, кој на волшебен начин ја има смалено моќта и брзината, па со часови чекаш да дојдеш на ред.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Се лажев. Во фоајето забележав дека на необичен начин ја држиш цигарата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Со познатиот секојдневен негов начин ја фрли цигарата исти како и зеленикавата бубачка и воздивна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се чинеше дека и парализираните дрвја се нишаат заедно со нив. Маргина 37 79
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Меѓутоа, тоа не беше човечки танц, туку танц на непостоењето; тие дури и не ги чувствуваа своите движења, потскокнувања и своето дивеење; но „нешто“ сепак танцуваше во нив; тоа беше нивното суштество: грутка непостоење, којашто тие на неодгатлив начин ја чувствуваа, неподвижен пискот на исчезнување, лешинска бескрајност; и сето „тоа“ хистерично се тресеше во нив, завивајќи и потскокнувајќи, вртејќи се околу себе и подигајќи ги рацете кон ништо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само на овој начин можам да си го протолкувам и оној случај со ноќта во која на посебен начин ја здогледав месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Робер Мале на свој начин ја дополнуваше метафората на Андре Френо за откриените лица на светците во лицата на сегашните обични луѓе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во гргорот на водата кој го заслушнуваше од дното на бунарот, тој го слушаше говорот на светците, запрени во манастирските фрески.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, во праксата, оваа одредба беше и сѐ уште е изигрувана, првенствено од страна на приватните работодавачи, кога тие ги тераат работниците да работат и во сабота и/ли недела, а тоа не се евидентира никаде – при што користа што на овој начин ја стекнува работодавачот е отприлика работа од 24 до 32 часа месечно по работник, којшто овие „бесплатно“, а de facto под присила, му ги „поклонуваат“ на работодавачот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Авторот на необичен и впечатлив начин ја овековечува историјата на главниот град на Македонија...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Трепереше нешто длабоко во неговата егзилска душа, што на ист начин ја возбудуваше и татковата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нè обзеде силна, нескротлива тага која на сите начини ја криевме од Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)