небе (имн.) - да (сврз.)

Вие се надевате на нешто брутално. Вие немате ништо против небото да го видите од другата страна одблизу да го видите па заспивате.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Успеаја. И покрај сѐ, да ги излијам јадовите силни, во етерот од небото да грмнат.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Одевме по пругата; сонцето заоѓаше и наликуваше на оној пајак од мозаикот; како во средето на небото да лежеше спокоен вжарен пајак, јагленче вжарено во својата мрежа од зраци, кои раскошно го опсипуваа со злато целиот питом пејсаж, со благи ритчиња и долчиња, со винороди, лозја осенчени во предвечерието.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Две гугутки на врв дрво што се ниша на ветровите пред небото да заруди.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И како и повеќето семејства таму, и нивното живееше скромно, но научено на малку, беше и среќно, сѐ додека Севишниот не реши да ги стави на искушение, па еден ден не го повика кутриот Давид Давидовиќ при себе, таму на небото да шие и да крои облачни облеки за херувимите и за душите на нашите блажени.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)