небо (имн.) - паѓа (гл.)

Ретко ќе се најдеа зачекорени по голините на пресеките. Небото паѓаше сѐ пониско.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се обидов да ја совладам слабоста што ме враќаше кон мојата смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шепотот на љубопитноста во она малку крв што ја имав не можеше да ѝ се спротиви на бучавата од која небото паѓаше врз сите нас да нѐ ослободи од патилата и надежите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ВЕРА: Ние седевме со тебе во мракот во бавчата, од небото паѓаа ѕвезди, а ние двете бевме во бели фустани, како привиденија, и одразот на белата грмушка во леата беше како привидение, и ти, ти ми кажуваше дека не можеш повеќе, дека Лења те исцедува: ете вака.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)