негодува (имн.) - во (предл.)

Еден весник сликовито ќе напише: “Цела Македонија да беше загинала, немаше да предизвика толку шум и толку негодување во Европа колку што предизвика пропаста на ’Гвадалкивир’“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Ова се случувало во јасен пролетен ден, еден од првите во април, поточно на вториот или трет ден од кусата априлска војна во 1941 година што го означи крајот на кралството Југославија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сфатил дека она нејзино негодување во врска со несигурната претпоставка, дека можело да се случи нивната врска и да успее, било само еден вид малечка итрина со која се служат девојките кога ќе сфатат дека некому му се потребни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)