недоразбирање (имн.) - во (предл.)

10 На 4 октомври 1943 година, уште еднаш била направена рекапитулација на „надлежностите и активностите на СОЕ, со цел да се елиминираат какви било недоразбирања во однос на тоа кои се надлежностите на СОЕ, а кои се сметаат како воени операции“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Имено, според она што јас го знам, не станува збор за „кршење на авторски права” туку за обично приватно недоразбирање во коешто твојата суета навлегла во некои ирационални или деструктивни сфери.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Можеби и затоа се осмелија да се справат со зборовите кои предизвикале најмногу врева, маки и недоразбирања во балканската историја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најголемото недоразбирање во светот беше во тоа што нè сметаат за муслимански народ.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. не доцнеше, започна да говори со одмерен глас најмногу гледајќи во мене и очекувајќи само јас да реагирам: - Отсекогаш имало многу предрасуди и недоразбирања во врска со нашата земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа било причина за многу меѓусебни недоразбирања во поглед на соработката.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Американската дипломатија не била многу наклонета кон британскиот империјализам, а некои припадници на ОСС дури и отворено се противставувале на некои британски чекори кои биле насочени кон проширување на Империјата.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Мислиш дека вујче ми спомнал некое ваше недоразбирање во врска со девојката во бело?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Засега е доволно да се каже дека на обете страни од поделбата хуманисти/научници има бројни недоразбирања во поглед на ова прашање (но и во поглед на други прашања).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така постојат “фалусни” портрети на Русо, Мирабо и други).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Оваа загуба на природата како отпор и побуда води кон загуба на персоналноста, може да доведе до недоразбирања во средината и до исчезнување на било какви односи со другите - сè едно дали тие се религиски, метафизички, политички, социјални или еротски.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)