недоразбирање (имн.) - помеѓу (предл.)

Ја тргнал раката од чело и се загледал во треварите, едниот Никола, со шилесто лице на стар и мудар лисец, другиот, Пандил, нешто малку покус и со набиена глава во квадратни раменици на кои, без тој да почувствува тежина, можело да се смести по една вреќа овес.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А тоа, и да имало некое недоразбирање помеѓу тополчанци и тројкрстчанци, од една страна, и Внатрешната македонска револуционерна организација од другата, жителите на Потковицата бездруго не биле во сѐ и до крај упатени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И во еден момент, како што многупати пред тоа се случувало, тој мртов Раде се поткренува, грубо се нафрла врз мене и сите недоразбирања помеѓу нас завршуваат (барем за мене) со грда љубовна сцена; сфати, дури ни сега не го употребувам вистинскиот збор силување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Како дожд да минал преку замагленост и како да ги измил сите нејасности и одвишности што пред тоа внесувале збунетост и недоразбирање помеѓу него и треварите, јасно можел, или само верувал во тоа, да види на темните лица и жилче и брчка, да го чуе дури и шушкањето на тие белези.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)