некој (имн.) - што (зам.)

Преплашена сум да не ме види некој што ме познава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Има пак некои што зборуваат: „Зошто е словенската азбука?
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Јас им доаѓам како некој што ќе ги изведе и што ќе им го одложи најтешкото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- И којзнае дали има некој што им влегува во куќата. Сигурно само ветрот ја отвора и ја затвора.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некој што го носи името Петар не си го клал самиот името, туку му го клале други.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во селото секогаш ќе се најдеше некој што не можеше да плати.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)