немешање (имн.) - во (предл.)

Во делата Шеснаесет танца (1951) и Концерт за препариран клавир и оркестар (1951), Кејџ ги воведува табелите за варирање на структурата, направени според основата на Ји Џинг, кои на композиторот му овозможуваат немешање во прашањето на изборот и го спречуваат во наметнувањето на сопствениот вкус.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кејџ го преокупираше барањето на одговорот (“кој е таму каде што е и прашањето”, т.е. во човекот) со помош на создавање на еден од 64-те можни хексаграми и нивното споредување со метафоричните, однапред подготвени одговори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„В) Да ѝ се пристапи на Советската влада со идејата за постигнување заеднички договор за немешање во политиката на Балканот“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така Сатиевиот фестивал не беше место за афирмација на неговата музика, туку место за спротивставување на доминантната западна, германска линија на музичката традиција која го занемаруваше значењето и улогата на времето на сметка на архитектониката на делото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, таа одлука, според експертите, „не би била лесна од наша гледна точка,“ бидејќи Велика Британија имала доста активна улога во внатрешната политика на Југославија и на Грција, а и таквата определба би била против британската волја да се откажат од неа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)