немоќ (имн.) - да (сврз.)

Доаѓа и ме разледува, По душа ме погалува, Ме сожалува, заради Немоќта да го сфатам Оти е како мене: Говорлив, Молчалив, поминлив. Неповратлив.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Всушност, немоќта да се излезе на крај брзо и неповратно со предвидената замена на верувањето што очигледно завршуваше со пораз, со своите видливи последици беше присутна во Атеистичкиот музеј…
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Немоќта да го изменам овој ужасен свет во кој живеам ме тера стократно повеќе да го сакам ближниот свој - како затвореник, како соучесник, додека заедно ждереме кременадли во некоја мрсна гостилница...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа е ноторна глупост, а исто така е глупа и европската импотенција и немоќ да се стори нешто конструктивно околу тоа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Откако одлучив да гладувам, додека не пребледнам и премалам до онесвестување (а во донесувањето на ваквата одлука НЕ играше улога наближувањето на летната сезона и тековниот тренд на топлесот и тангата), преместувањето на работната маса ќе беше преголем зафат за толку мал човек како мене, па на крајот ги преместив компјутерот и работниот стол, како револт од немоќ да променам нешто поголемо во мојот застоен животен тек.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кутриот Бургиба, остана во првата фаза, неговата немоќ да владее, односно менталната попреченост, дојде со староста и болеста беше прекината со државниот медицински удар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ова им беше доволен адут Претседателот на Републиката, според членот 55 од Уставот на земјата, поради немоќ да владее, да биде отстранет од власта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според Емил Сјоран да се мине од волјата да се биде прв во државата до состојбата да се биде последен, значи да се мине низ мутација на гордоста, да се замени динамичната со статичната лудост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сигурно и за Арафат, во драматичните настани кои се вестеа во неговото парче на Палестина, средбата со мене во Париз беше епизода подложна на брз заборав, кога непосредните интереси не притискаат!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше во верувањето на овие источни деспоти во залезните години на животот некаква внатрешна, необјаснива, митска, идеалистичка, донкихотовска сила, која не дозволуваше да ја напуштат власта, кога речиси беа во физичка немоќ да ја додржат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствував виновен поради мојата немоќ да повлијаам преку малата земја која ја претставував, земјата од која потекнував имаше слична судбина на палестинската, во однос на распарченоста во повеќе земји.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се гади од математика и нејзината немоќ да ја пресмета веројатноста да се родев на друго место во друго време, да не бев јас јас, да не ми се гадеше.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нагонот да се полета, како во семејство во облак на Шагал, сигурно доаѓаше од немоќта да се минат границите, особено големата граница која нѐ делеше од родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И кога ќе имаат свои нации – држави, во немоќта да се раководат, ќе си продолжат да се повикуваат на Божјиот авторитет. Така ги навикнувале туѓинците, со векови!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)