непозната (имн.) - лице (имн.)

Не забележувајќи ја Мајка, тој продолжи: - Кога почнав даучам да го пишувам арапското писмо,јас не можев да се ослободам од чувството дека цртам ликови на непознати лица.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
За мене најголем предизвик беше проблемот како да се создадат такви просторни односи, во било кој момент пациентот да не мора да се соочува со преголем број на непознати лица.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Брацо Димитријевиќ „Намерата ми беше да создадам еден контра-модел и да предложам контра-став на постојната, доминантна мисла“, вели Брацо Димитријевиќ (р. 1948 година, Сараево, поранешна Југославија)140 за неговата серија Случајни минувачи.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Просторите треба да бидат така организирани што на секој пациент ќе му овозможат интеракција со мала група, да не мора да се соочува со непознати лица.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Почнувајќи од 1971 година, со Случајни минувачи кои ги сретнав во 13:15, 16:23 и 18:11 во Загреб, што се состои од серија фотографии на минувачи снимени во наведените времиња, зголемени на 2x3м и закачени на централната фасада од главниот плоштад во Загреб, Димитријевиќ изложува џиновски фото-портрети на непознати лица кои ги сретнал случајно, на јавни места и во формат што обично се поврзува со рекламирањето и политичката иконографија - како билборди, на автобуси, во метроа, на фасади од згради, итн.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На креветите лежеа непознати лица. Нови ранети.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)