непријатен (имн.) - во (предл.)

Мажите точно знаеја што го предизвикува навалувањето на жените, но знаеја и дека одењето дома, предвреме, крие непријатности во себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа чувство на непријатност во градниот кош воопшто не му се допаѓаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Односот меѓу отворот на непријатност во кружницата на задоволството и „крастата“ што се создава како последица на таквата изложеност, процес е во кој уметноста на деведесеттите често оперира.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така на пример, „закрилата“ на насилството и „хоророт“ во филмо­вите е начин да се врзат заканувачките стимулуси и да се изгради заштитната „краста“, како што би рекол Фројд.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но секој ден се јавуваа непријатности во логорот: уште од рани зори извидниците од соседниот „Логор на дебелите!“: домаќинот, готвачот, благајникот и другите задолжени за снабдување во логорот, дотрчуваа лути и бесни, викајќи дека Џеки им откраднал месо, салама, кашкавал, путер...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)