нешто (имн.) - со (предл.)

Јас те запознав уште пред да те сретнам, како кога човек гледа со затворени очи, кога допира нешто со мислите, кога бакнува со душата...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Толку збеснав што се вртам околу себе да грабнам нешто со што ќе го претепам овој дембел.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Единственото нешто со кое можев да ја одредам правилната насока беше потребата да не се доведам во директен контакт со агресорот.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
На полпат кон западниот ѕид, се наоѓаше влезот кон херметички затворената визба, и Даниел се сети на нешто со што ќе ја развесели својата невеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Подоцна се сетив и на она легнување во сандакот, што Ристе патем ми го прирече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ќе изумиш нешто со јажиња место рачки - го поучив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Биди умен, куме, покори се. Онисифор Мечкојад ја извадил десната рака од пазуви.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Речиси и пред да имал време да смисли нешто со што секогаш бил поинаков од другите, пркосен, брзоплет, во бриткоста како штотуку симнат од точило, се свртел да ја гледа во далечина темната модрина на небото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зар има уште нешто со што може да ме казни Господ, особено Богородица?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Потоа ги кренав картите таму од каде што ги земав и се колнев дека никогаш веќе нема да ги фатам в раце.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Беа другарите?“ ме праша мама. „Беа. Врнеше. Право кај нас дојдовме. Бевме гладни. Јадевме леб и слатко од јагоди.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ако, синко, голема гревота е дете да е гладно. Леб и нешто со леб секогаш има дома“, рече мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се иставам назадгазум и алкам да се фатам за нешто со рацете. Да си помогнам. За да не паднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)