нешто (имн.) - поврзан (прид.)

Неговите зборови како да ја оправдуваа мојана помисла за патеката, а и за оние други нешта поврзани со посебностите што несреќно беа сместени покрај стаклената масичка, спомнатиот огромен црвен трон и изморената насмевка на писателот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тивко, на уво, ми вели: - Бреза, Брезичке, биди стрплива, немој да “давиш”, утре јас специјално за тебе ќе го распостелам, сега оди легни си, а наместо приказна, ќе ти раскажам некои многу интересни нешта поврзани со килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)