нешто (имн.) - слично (прил.)

Се побуни нешто во мене, почувствував дека ме обзема нешто слично на лутина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Другпат кога ќе доаѓате, молам за малку повеќе забава, играње, пеење, смеење и нешто слично на тоа!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нема податоци за тоа, никој и не си споменува дали било нешто слично запишано во тефтерот Акиноски, дека и таа, Руса, е закопана тука, покрај каменот, но него, каменот, покрај со едното негово име, Бел Камен, го именуваат уште и со две други: Јованов Гроб или Турчинов Гроб.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Напати помислував, веројатно за да се оправдам себеси, дека се случувало нешто слично и со судбината на јунаците од нашите детски соништа, кои без претходно најавена причина, само заради неконтролирано изречен збор или грешно срочен одговор, ја губеле силата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Не треба да имате толку многу доверба – ми излета погрубо отколку што имав намера. – Вие сте возрасни, а ние сме деца, треба малку посериозно да ја сфаќате улогата на родители.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А станува збор за почитуваните јунаци од приказните со кои не заспиваа во мирните детски ноќи нашите мајки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)