нешто (имн.) - ќе (чест.)

Доста не зеде учество во вечерашниот разговор, но остана задоволна оти толку ја подигнаа и и поласкаа овдешните девојки и невести уште од прва средба и се окуражи за понатаму, кога ќе се запознае со нив, ќе има со кого разговор да води, а не да не плаши оти нешто ќе згреши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„ Не знам... не ми е гајле. Некако веќе, нема да успеете. Нешто ќе ве победи. Животот ќе ве победи.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога нештата ќе тргнат удолу, на нашиот човек крива му е Владата, државата, комшиите, родителите, пријателите, колегите, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за спречување на перење пари, Здружението на филателисти од Берово, минимаркетот „Кики комерц“ и автопревозникот „Ц’мба транс“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ќерамидите ги редеа ноќе, на газиени лампи, од страв дека денски нешто ќе им падне на глава.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не знам зошто мислам дека нештата ќе се променеа и дека животот ќе ѝ беше поинаков... ама знам дека таа сигурно ќе си останеше истата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нешто ќе се случи, некоја промена. Прилично важна измена, последователна на досегашните случувања.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Спобудалува кога не можам да му ја задоволам желбата“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ама пусти страв, дека срцето нешто ќе побара таму кај Шадрванот!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го вознемируваше само матното чувство дека тоа уште не е сè, дека уште многу неизвесни нешта ќе му се случат.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подждригнувајќи, одеше кон својот гроб но на чуден начин веќе сакаше така да живее, да живее во самодоволно лешинство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
- Немој, викал другиот и сѐ повеќе ја пикал главата во кожите. - Јаков ќе е татко и на деветто дете.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога нешто ќе почнеш, доврши го, засипнато рекол Онисифор Мечкојад; веќе бил без омраза кон својот вујко, кон неговиот облик на замелушен гуштер, кон неговото олцкање и тресење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нет-уметност Пред сандачињата да бидат изложени на јавноста, Јуриј Крпан, директорот на галеријата, рече: “Дури и ако бидат празни, многу нешта ќе речат”; но сандачињата не само што не беа празни, туку беа достојни за најоткачените визии на Де Квинси.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но нешто ќе се случи, жално коментираше Чанга и мислеше да го остави читањето, меѓутоа, судбината на козлето силно го копкаше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И уште нешто... Не, за тоа нешто ќе ви речам откако ќе ја извршиме задачата со приредбата, на седми септември навечер, во пресрет на Денот на независноста!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но само дотогаш додека сите тие нешта ќе беа обвиткани во тишината на неговите сонувања.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И кога тие бели нешта ќе ја почув-ствуваат сончевата топлина зовриваат и тонат удолу кон салатата и кон старото и смрдливо говедско, на талогот од кафе и на главите од белите риби и по десетина секунди на сонцето тие заминуваат, тонат и големата валкана крпа сега ги прекрива купиштата од смет што остануваат тивки и без движење.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)