ништо (имн.) - со (предл.)

Ме фатија на брзина, ме бутнаа. Немам ништо со ова.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Кога виде Мил дека Богуле ќе остане левучар, реши со вежбање да му ја разработи десната рака: му ја врза левата рака да не може да фаќа ништо со неа, а го тераше сѐ да чини со десната.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Тој предложи да се сокриеме некаде и да ги следиме (сега разбирам дека и тој беше погоден колку и јас и дека сакаше уште таа вечер да расчисти со Луција: колку смешно – што да расчисти, кога ниту јас ниту тој немавме ништо со неа?); така ќе сме виделе која е девојката со Фискултурецот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)