ништо (имн.) - и (сврз.)

Оти пајакот најчесто лежи во точката среде што ја викаме и што најмалку се гледа оти средето е скриено внатре и затоа среде се вика; лежи таму создателот, примирен, смирен, кроток, како Бог за кој времето не значи ништо и гледа, демне, слуша, секое треперење на струните на својата вселена, на нишките од мрежата ги слуша, ја слуша музиката нивна семирска!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А што да речеме за зборот, за неговата посебност: изместен од неговото природно место да нема сила за ништо и ставен таму каде што и бог господ не сонувал – да зрачи со сила на вистинска експлозија?
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А Филозофот не рече ништо и не изгледаше изненаден воопшто.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А, за секоја евентуалија, за нечитачите, на тезгата ќе изложам грицкалици за нокти за нервозни гризачи, камен за распукани петици, жилети за очајници и фластери за оние што по сечење вени стануваат пишман, па, ако пишаниот збор случајно не им се допаѓа и оние од инспекторатот при министерствата за разни и безобразни, како и за сѐ и за ништо, може ќе бендисаат некое сино пенкалце или запалка со која ќе оди резервоар со плин за полнење за штедливи, со моето отпечатено име со златни букви на него, како кандидат за – ништо и за никаде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако гледа во неа, не може да види ништо и не знае дека чашите се волшебни кристални кугли само ноќе кога во нив, како од скинати парчиња, составува априлски жолти цветови, осамени планински колиби, две Марии. Сѐ што и да посакаше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)