нога (имн.) - нагоре (прил.)

Тогаш Ловџија зајде од смеа, се преврте на грб со четирите нозе нагоре: - Е, ова чудо не сум го чул, - мачор да не знае што е глушец!
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Со мотиката во едната рака а во другата со купчето од четири пилиња со нозете нагоре, и во придружба на Тито, отиде зад кокошарникот и многу длабоко ги закопа нивните тела, за да не можат ниту ракунот ни лисицата да ги откопаат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Зашто свеска ми чека да ја слизне својата горешка дланка по мојата нога нагоре до она место каде што си ги држам гениталиите в рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Знам дека жената од нозете нагоре се гледа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го кренаа со нозете нагоре, му ја истресија водата од него, и кога тој позеде здив, праша: - Каде е магарето? Излезе ли?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)