нож (имн.) - или (сврз.)

Лазор, кутриот, сиот онемен и сиот пожолтен, не од страв од борење со Иса, беше сигурен дека нема, не се родил човек кој не може да биде кутнат од него, туку од еден сон што го сонуваше ноќта помеѓу средата и четвртокот (тогаш, во сонот, од една џган, од сите вери и раси, насобрани на една непозната ледина се зададоа две црни кучиња и едното еднаш го укаса долу во слабината, а другото двапати горе за левата плешка, а од песните и од кажувањата на стари се знае дека ако те укаса на сон црно куче, значи те укасал душман, поправо те укасал нож или куршум од рака на душманот) само гледаше во Максима и затоа се почувствува многу олеснето кога тој рече Не сме дошле да правиме борачки, Хаџи Ташку; имаме да свршиме многу работи а една и со тебе, да се измириме, но првин да ја свршиме оваа со Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И знајеќи дека таму кај што има борачка има и плачка, и знаејќи дека таму кај што се собрале Арнаути има и кавги кои секогаш со лошо завршуваат за христијаните, ги одведе потковичаните на ан кај Стомнаровци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ИЛИЈА: Како сакаш, со нож или со пиштол?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Кога служителот ќе го збркаше, му се закануваше со нож или ги кршеше прозорците.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ситуацијата која балансира на раб од нож или тревката што може да ѝ го скрши грбот на камилата се метафори за животните нестабилности.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Некои од оние што биле во засолништа во кои ни од грб не ѝ биле изложени на смртта, виделе: коњаникот во паѓањето ја пуштил сабјата за да се пречека на раце и додека се обидувал да извлече од својата стуткана здебеленост нож или кубура, Онисифор Проказник се фрлил врз него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се повлекувале по гол простор, исто така бришани со оган како осуммината горјани пред некој ден.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некои чекаа завој и чист алкохол, некои сируп и инјекција, некои нож или скалпел, некои загипсирана шипка...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)