ноќ (имн.) - може (гл.)

Секој ден треба да е трагање по емоции и убави чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Животов има смисла кога после голема трагедија ќе го дочекам изгрејсонцето, а зад небесниот хоризонт спонтано ќе се појави надежта и без процедурални забелешки после ужасно лоша ноќ може да започне нов ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Прв пат таа ноќ можев да ја видам пред мене во полумракот како нестварна жена во стварноста што ме давеше, со необично издолженото лице под расфрланите коси што се сплеткуваа со сенките од букетот во високата вазна поставена во аголот на собата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не водеше сметка дека ноќта може да го фати предвреме и дека не си зел со себе ни барем мало ложниче од козина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше веќе крај на јануари и секоја ноќ можеше да се ојагни некоја овца.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Немој да губиш надеж. Работите преку ноќ можат да тргнат на добро.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За вас се зборува дека сами преку ноќ можете да изградите манастир.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По самото стемнување, додека за преостанатите покладари, како што еднаш ги нарекле во селото терачите на двоколки, времето било изгубено, кога тие биле повеќе мртви отколку оние зад нив покрај патот, двата реда сенки се сретнале недалеку од запуштени ако не и напуштени гробишта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На вдовиците и разжалените мајки и сестри што во преѕвездената ноќ можеле да се крстат приврженички на спомени и на сеништа или очајнички без радост или надеж или вера во иднината, им се придружиле со свои тагопојки и оние што клекнувале пред своите престарени мажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нацијата уште една ноќ можеше да спие спокојно!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Цела ноќ можеше да вика по нас, глупавиот пак да не имаше некоја друга работа, - беше слеп, не гледаше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)