ноќ (имн.) - око (имн.)

Свикнат да се препушта на своите претчувства, тој цела ноќ око не заклопи: божем некој јорганџија без престан дрндаше памук покрај неговото лево уво, додека десното свесно се расправаше со реалните гласови на Блатието, со криците на чапјите и со шлапкањето на водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Цела ноќ око не затворил, ја читал и препрочитувал сцената од „Војцек“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Може и цела ноќ око да не затвори а Чана ќе си го направи она што си го има замислено.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)