ноќ (имн.) - потоа (прил.)

Така надојдоа оние ноќи потоа. Во бараките тие ноќи никој не заспа. Месечината беше сосема сина, полегната во синикав, залебеден плашт над полето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Веднаш по приведувањето на Крумета во Истражниот затвор, беа уапсени и Стево Тајчов, Јованчо Крстов, службеник на Табановце, Авни, а една ноќ потоа Ема и Нинослав.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И многу ноќи потоа. Пред тоа и потоа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)