ноќ (имн.) - уште (прил.)

Тешки деновите и ноќите уште помачни. Судбина ли ни беше?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Непроспиената ноќ уште повеќе ѝ го разобличи лицето. Подочниците беа клапнале на образите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Небото е затворено, а ноќ уште не е.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)