обврска (имн.) - да (сврз.)

Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при 213 работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трошоците во судската постапка – и пред првостепениот и пред второстепениот суд, која траеше безмалку две години, изнесуваа 100.460 МКД (1.645 ЕУР), а работодавачот се стекна со обврската да го надомести и овој износ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку работодавачот не ја отстрани опасноста или не постапува во согласност со мислењето на овластената здравствена установа, вработениот може да побара интервенција од надлежниот инспектор за труд и да го извести претставникот [на вработените] (чл. 39, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Конечно, во мај 2010, судскиот совет (во состав: Љ.Нешкоски – претседател и П. Јадровска и А. Настевска – членови), со пресуда која е доставена следниот месец – кога всушност таа стана и извршна, ја одбива жалбата на работодавачот како неоснована и ја потврдува првичната пресуда во корист на Ф.И. (освен во делот за каматата, кадешто повисокиот суд интервенираше по службена должност – бидејќи, во меѓувреме, беа донесени законски измени кај ЗОО со коишто се воведоа новини при утврдувањето на каматните стапки).7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Луѓето или не веруваа во тоа што се случуваше, или бегаа понастрана за да не се најдат во обврска да помогнат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Не го измислив јас ова, туку во религијата која, според мене, највеќе ги почитува жените и секој маж има обврска да ја облекува и кити со злато секоја, бидејќи може да има повеќе, треба да ја опслужува неа и нејзиното тело додека не остари.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше чест и еден вид морална обврска да се има барем мала колекција на стрипчиња.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Во периодот 2010-2014 година преку законите кои претходно не беа анализирани во студијата дојде до следните две поважни намалувања на правата на работниците во однос на остварувањето на правото на штрајк: прво, на припадниците на судската полиција им беше наметната обврска да штрајкуваат на начин на кој, меѓу другото, нема да се нарушува редовното извршување на работата, а со што фактички дојде до негирање на нивното право на штрајк и, второ, во основните и средните училишта директорите беа овластени, за време на штрајкот, да обезбедат замена на вработените кои штрајкуваат.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Немојте, Ви се молам, та јас пред Вашиот ценет сопруг зедов обврска да се грижам за сѐ за вас, нели?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)