облак (имн.) - чад (имн.)

Јани накриви капа, се навали на карпата, повлече од цигарата, испушти облаче чад и зарипнато запеа: Не се чудам, мила, моја мајчице...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Првата мисла му беше да се стрча надолу, кон облакот чад што полека слегнуваше и кон лелекањето во него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Втората мисла му беше да се спружи на земја, рефлекс што го стекна во последно време секогаш кога ќе слушнеше рафална стрелба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во црна блуза со деколте, припиени црни хеланки и сребрени сандали со високи пластични потпетици, пушејќи долг Davidoff, се прошета до стаклениот ѕид и таму, издишувајќи облаче чад го проследи вивнувањето на еден авион кон небото.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ние сме деца на пожарот и оганот – ние ја носиме душата на Човекот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Киро засенчи очи со раката и погледна надолу на кај Јамата, Рото, Баро и Полената. Лежат под облаци чад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)