облак (имн.) - во (предл.)

Живеејќи во свет во кој партијата беше „Бог и батина“ никој не помислуваше дека еден дедо со исклучителна блажена фаца, со очи од кои зрачи добрина, еден облак во црвен плиш може да биде помоќен од партиските џивџани.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па така мораше да ги извлече дрвата горе во селото, по угорница да се движи полека се додека не се пробие низ облакот во кој беше завиткано селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Подземени од еден облак во бескрајот на небото, над границите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сиво небо по кое се развласило потемно и посветло сивило во вид на развлечени облаци во приквечерина по бессончев ден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А сега, повторно во твојот роден град, во Клубот на уметниците исполнет со твоите бои, на твојата секогаш преполна маса (на ококорените сомнителни очи) не покажувај им го сонцето во десниот џеб од панталоните, ниту пак жолтите облаци во шлицот.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Црниот облак во процес на разредување сè повеќе и побрзо се искачуваше по падините на Водно, сега скоро јуришајќи кон градниот кош на авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Остави ме, меѓу нас е граница, слушам глас и сепак знам дека тоа сум го рекол во себе - капакот со срмен укит не се поткренал, нема ни да се спушти, и веќе не го знам јас ни крајот ни староста на облеката, црна и свечена, пресмртничка, секаква и никаква: ни облакот во длабочината на изминатите ноќи нема боја и нема цел и белег во сеќавањето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Треба да се побегне од сето ова, од самиот себе, од сивите загрижени лица на минувачите, да се распливне човек и како смрт да биде неспособен да открие во човечките очи заклани соништа, да се распливне и да отпатува во неизвесност како облак во безоблик за да не гледа мртви птици во туѓи очи, за да не слуша крик во пресечени грла. И туѓи песни крик - Марлен, Марлен, Марлен!
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Крал бил, имал кралство – бара, замок среде барски цвет, Невидливи шари шарал над облаци во брз лет.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Налик се на летечки сокровишта со менливоста на облакот во окото, со еден свет затворен во бисерни мониста, што брзаат да го занесат пред портите на сонот.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Што прават облаците во тој крај? Дали врне дожд?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Усните од врелина нека ги кваси ситна роса од густиот облак во очите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но, сепак ги корнеше малите мигови на среќа, што малце ќе ја обојат сликата, нијансирана, со молкот на изгрејсонцето, збогувајќи се со пригушливите ноќи, чиј отсјај беше валканата месечина, која ѕирка зад густите облаци во мракот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Знаеше тој добро што донесуваше и најмалото облаче во синото небо.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Подзапри: сѐ што е кикот на облаци во буна бродовите, нужно, мора да го чујат. Но, само паднатите нема да изумат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наспроти станот од златен волумен обете жени ќе жуборат и трулат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 142
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред зората, тешка лунарната круна ќе падне врз трупот на мојата кума.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)