област (имн.) - од (предл.)

94 Историски гледано, буржоаската јавна сфера претставува барање од страна на приватните лица за јавен простор како инструмент за практицирање контрола врз апсолутната моќ на монархот.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Негова цел беше да стане познат стручњак во некоја област од медицината.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Како што во една држава има државен центар, којшто најдобро е да се наоѓа во средината на државата и кон којшто се собираат сите конци од државниот живот, исто така и во јазиковните или областите од сродни наречја треба да има еден центар, којшто по неговото значење треба да се однесува кон периферните наречја и говори така како што се однесува центарот и престолнината на државата кон крајните окрузи и околии.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прво заедно ги разгледавме ефектите коишто anorexia nervosa ги имаше во разните области од нејзиниот живот - вклучувајќи ги социјалните, емоционалните, интелектуалните, и ­секако, физичките.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој проблем ја измачува веќе подолго време и се опира на многуте обиди за негово разрешување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Областите од општествениот живот за кои претходно не се зборувало, па дури не се ни проблематизирале, сега се ставаат на јавна дебата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)