облека (имн.) - во (предл.)

Го гледаше како оди гордо исправен и како живо контрастира со изгледот, синиот костум, облеката во нашето старо маало, меѓу луѓето со работнички и селски облеки, жени со разнобојни и посрмени народни носии, кои ги носеле во планинските села.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зимата му стана годишното време во кое заглави, а униформата - облеката во која зарасна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За миг беше чувство дека телот на Инес е толку етерично што би можел да го впие во своето тело така што на крајот да остане со нејзината облека во рацете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таа треба да му однесе облека да се преоблече зашто тој не може да излезе горе на рудината над езерото во работничката облека во која е облечен, целата замастена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
По даровите и по облеката во која беа облечени сватовите дојдени по невестата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само ти знаеш Како се губиш сега како потонуваш Во убави години во бели кошули Во бели насмевки во бела книга Само ти знаеш како потонуваш Во нова облека во свежи улици
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таму имаше писатели прогресивни и реакционерни писатели.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Реакционерните писатели пишуваа вака: „Во нашето кралство и далеку зад неговите граници и на целиот свет знаат дека нашиот крал ја носи најдобрата облека во светот“. 196 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)