облека (имн.) - од (предл.)

Сиот беше извалкан, правлив, па излезе пред колибата и на наједноставен, и најпогоден начин, валкајќи се целиот низ снегот, си ја исчисти облеката од правот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Здравјето веќе ми попушта: ми се одлева некаде, ми бега од снагата. Ми бега и облеката од мршата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кај него се шиеше офицерската облека од Џемо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Облечен е во „Ралф Лорен“ поло жакет од кожа и во широки панталони.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Подоцна ќе го соблече жакетот за да открие уште облека од марката „Ралф Лорен“, и „Ролекс“ часовник.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бездруго треварите Никола Влашки и Пандил Димулев му ја натопиле сета облека од безбојни крпи со густ шарлаган од сончоглед, од кикирики и од афионово семе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
2 Офкањето на Круме Арсов повремено се губеше но не престануваше.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа со два збор ѝ даде на Ајша да разбере: – He ми треба мене друга облека од мојава.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Носеше волнена, синкава кошула, запетлана напред со бисерно-сива и претерано нагласена врвка, со неуништлива кафеава облека од патка, со неизбежно високи чизми со мексикански мамузи и мексиканско сламено сомбреро.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Една од нив, посебно ја восхити и ја смири душата на осамениот барон.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Глупак – рече Марија. Полека ја спушти слушалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)