овластување (имн.) - да (сврз.)

Трудовите инспектори пак добија овластување да донесуваат решенија, наместо едноставно да укажуваат, но не и да поведуваат постапка пред надлежен основен суд!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во мај 1942 година задачата за продор во Македонија им била доверена на тројца членови од организацијата на Дража Михајловиќ на чело со резервниот поднаредник Миливоје Трбиќ-Војче со овластување да формира дражиќевски организации во Велешко, Прилепско, Кичевско и во Порече.52 Определените претставници пристигнале во Македонија во текот на август 1942 година53 и својата дејност ја развиле главно од два пункта: Скопје (Скопска Црна Гора - Куманово) и Порече (Велешко и Прилепско).
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ако работодавецот не постапи соодветно, трудовиот инспектор имаше овластување да поведе постапка пред надлежниот суд (чл. 141, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)